Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за доверба на Мицкоски

Иницијативниот одбор (ИО) закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје со главни точки – Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба, соопшти денеска ИО за закажување вонреден партиски конгрес.

„Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување меѓународна поддршка“, се наведува во соопштението на Одборот.

Членовите на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес, во кој се дел од поранешните високи функционери и сегашни истакнати членови на партијата, сметаат дека е недозволиво претседателот на којшто му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг. Актуелното раководство на партијата неколку пати излезе со спротивни ставови и со тврдења дека актуелниот лидер треба да остане на чело на партијата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …