Инклузивна промоција на трите сликовници на Денис Јанкуловски - Космонаутко во Europe House Тетово

Инклузивна промоција на трите сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко во Europe House Тетово

Во рамките на дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан од Скопје, вечерва во 19 часот во Europe House Тетово ќе се одржи инклузивна промоција на три сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко.

Станува збор за изданијата на „Прозарт“ од Скопје – „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“. На промоцијата на сликовниците со илустрациите од Наташа Костовска и Алексеј Костовски ќе настапат повеќе деца од Тетово – Агрон Хајредини, Никола Стојаноски, детскиот хор „Крешендо“, под водство на диригентките Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска.

Авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко ќе зборува за сликовниците, а присутните ќе имаат можност да слушнат повеќе за омилените ликови Тина – ѕвездата што сонува големи соништа, Другарко, Другарка, Рони и Бони, како и уште многу други Другарки и Другари.

Промоцијата се организира со поддршка од Делегација на Европската Унија и Europe House.

Прочитајте повеќе

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра економистката Јустина Широка Пула за претседател на земјата – функција …