Оваа недела во трансфузиолошкиот центар во Прилеп, конвалесцентна плазма даруваа Славица Тутунџиоска и Мирјана Кочоска, ќерки на најстарата излечена пациентка од болеста КОВИД-19.

Исто така, денеска во Институтот за трансфузиона медицина Скопје, конвалесцентна плазма даруваа и двајца донори од градот Штип, Виолета Шопова и Роберт Величковски. Нивната плазма која има антитела кон коронавирусот, ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти.

Од Институтот за трансфузиона медицина им се заблагодаруваат на нивната храброст и хуманост, со донирање на нивната плазма да учествуваат во лекувањето на потешките пациенти со КОВИД-19. Истовремено, ги покануваат сите лица кои се излечени од болеста КОВИД-19, да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, со пополнување на електронски формулар на веб сајтот на ИТМ: www.itm.org.mk.