Интензивирани работите за асфалтирање на патот од населеното место Волково, до манастирот над село Прилепец

Интензивирани работите за асфалтирање на патот од населеното место Волково, до манастирот над село Прилепец

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на патот од населеното место Волково, до манастирот „Свети Никола“, кој се наоѓа во близина на населеното место Прилепец.

Станува збор за пат во должина од над 5 километри, кој се наоѓаше во исклучителна лоша состојба, тешко пристапен како за жителите на двете населени места, така и за посетителите на манастирот.

Интензивирани работите за асфалтирање на патот од населеното место Волково, до манастирот над село ПрилепецГрадоначалникот Јованоски истакна дека, во рамките на програмата на Општина Прилеп за изградба, реконструкција и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, беа изработени проекти за реконструкција на патиштата од н.м. Волково до н.м Прилепец, како и од н.м. Прилепец до манастирот „Свети Никола“.

Вкупната вредност на двата проекта изнесува 31.2 милиони денари. Средствата за изградба на патот беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, додека ДДВ-то е целосно финансирано од Општина Прилеп.

До денеска, асфалтирани се околу 2.4 километри од патот, а според најавите на изведувачот, комплетните градежни работи ќе бидат завршени најдоцна до крајот на овој месец.

Прочитајте повеќе

Тренчевска Европска иднина е иднината на нашата држава

Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава

Коносителката на листата за пратеници во изборна единица 4, Јованка Тренчевска на граѓанскиот митинг во …