Делчево

Интернационален тендер за фотоволтаичната централа и прочистителната станица за вода во Делчево

Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше обезбедувањето на техничката документација за реализација на инфраструктурниот дел од проектот по што следуваше темата за корпоративниот развој и кампањата за развивање на јавната свест за значењето на водата.

Мартин Раубер, консултант од консултантската фирма ЕБП од Швајцарија, истакна дека процесот се движи со планираното темпо и дека за реализација на инфраструктурниот дел од проектот се планираат два тендери.

-Длабоко сме навлезени во процесот. Се работи на повеќе делови, како што се: проектот за станицата за прочистување на водата, се планира изградба на два нови резервоарски простори, проект за нови бунари во двете подрачја- Делчево и Тработивиште. Исто така, се работи и на поврзување на двете села Габрово и Ѕвегор на системот на водоснабдување на Делчево со што значително ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на овие две села. Тендерите со кои двете села Ѕвегор и Габрово ќе се приклучат на водоснабдителниот систем се надеваме дека ќе го објавиме наредниот месец, додека интернационалниот тендер за изградба на фотоволтаичната централа и прочистителната станица за резервоарските простори кој е прилично голем тендер се планира да се објави во средината на месецот април, истакна Раубер.

Имплементацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево“ започна во текот на 2018 година. Вкупната вредност на проектот изнесува  7,3 милиони швајцарски франци, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а 30.000 швајцарски франци се инвестиција на Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …