Интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши ќе биде прва точка на дневен ред на собраниската седница којашто ќе се одржи на 3 септември.
„Тоа ќе биде добра порака за сите, за јавноста и за политичките партии, дека сме отворени да дебатираме“, рече денеска Гаши на брифинг со новинарите додавајќи дека интерпелацијата за него не е политички издржана.
Според новиот собраниски Деловник, доколку се поднесе интерпелација за пратеник или претседателот на Собранието, таа треба да биде ставена како прва точка на дневен ред на следната седница која ќе биде закажана.
Интерпелацијата за Гаши беше поднесена од пратениците на партијата Левица, по инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром Скопје којшто се случи на 1 август.
Смена на Гаши тогаш побара и опозициската СДСМ велејќи дека тој е одговорен за инцидентот. Тие побараа одговорност од Гаши да побара и премиерот Христијан Мицкоски, кој пак одговори дека нема да поддржи интерпелација на Гаши.
Инцидентот со случи откако аеродромската побарала рано на 1 август да го прегледа личниот багаж на косовската претседателка, а таа и нејзиното обезбедување го повикала телефонски Гаши сметајќи дека се прекршени меѓународните практики. Гаши, како што денеска рече, по повикот реагирал со цел да биде спречен поголем инциденти.
Собранискиот спикер на денешниот брифинг образложи дека по повикот на Османи тој сакал да се упатил заедно со неговото обезбедување накај аеродромот, но не успеал да стигне поради друга обврска, по што неговото обезбедување отишло на аеродромот, а дека потоа само бил известен дека инцидентот бил разрешен. Тој додаде дека не побарал од никого да направи нешто противзаконски.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи по инцидентот, шефот на обезбедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот и дека репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани на аеродромот, бидејќи било инсистирано косовската претседателка да помине без безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето и отвори постапка против другите двајца телохранители.
Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи.
На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството на Косово, на 1 август имало обид да ѝ се одземе телефонот на претседаелката Османи од страна на обезбедувањето на скопскиот аеродром и дека имало обид и Османи физички да се оттурне.
Според соопштението што го објави Претседателството на Косово, на аеродромот имало имало обид да ѝ се одземе телефонот на косовската претседателка Османи од страна на обезбедувањето на скопскиот аеродром и дека имало обид и Османи физички да се оттурне.
Поради инцидентот со претседателката Османи на скопскиот аеродром, Косово на 3 август испрати протестна нота до Северна Македонија.
Два дена подоцна, на 5 август, косовскиот премиер Албин Курти беше во посета на Северна Македонија, каде на средба со премиерот Христијан Мицкоски разговараа и за инцидентот со Османи на скопскиот аеродром.
Тие рекоа дека инцидентот ќе се расветли, но дека нема нарушени односи меѓу Косово и Северна Македонија.
Инаку, за Гаши на 18 август косовски медиуми објавија снимки во кои наводно од мобилен телефон бил снимен службениот автомобил на Гаши во редица на свадбена поворка во Косово. Медиумите пишуваа и дека автомобилите поминале без проверка на граница. Гаши рече дека неговото обезбедување не му дозволило да патува со сопствено возило и повторно рече дека не побарал од ниту еден службеник да прекршува закони.