Интервју со управителот на МОТОЦЕНТАР, г-дин. Горан Гроздоски

Oсновната определба на МОТОЦЕНТАР доо уште од основањето, во февруари 1994 година e Пневматикот, неговиот правилен избор и одржување.  Претставници се на најреномираните светски брендови пневматици: MICHELIN, CONTINENTAL, BRIDGESTONE, FIRESTONE, КORMORAN, GENERAL TYRE, UNIROYAL, DAYTON, SPORTIVA, BARUM, MITAS. Денес фирмата има 8 сервисно продажни објекти и брои 150тина професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците. Управителот на Мотоцентар, г-дин Горан Гроздоски ни одговори на неколку прашања во однос на тековните трендови и новитети во бизнисот на пневматици.

  • Со што Мотоцентар се двои во однос на останатите дистрибутери на пнеуматици и какви се услуги нуди?

Покрај големиот избор на реномирани пнвематици како и врвната услуга нашиот кадар е обучен преку различни совети и прашања да му овозможи на секој клиент да го одбере вистинскиот пневматик за него во зависност од неговите потреби. Покрај тоа на секој купувач му се нуди бесплатна Мотоцентар клуб картичка со што добиваат поврат на средства или народно казано кешбек со секое купување кај нас. Идејата е да се прошири базата на лојални клиенти на Мотоцентар кој ке имаат ексклузивен пристап до одредени промоции,попусти и информации.

  • Зошто е важен адекватен избор на пневматици за сите возила, било да се патнички или товарни?

Правилниот избор на пневматици е од витално значење за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Тој избор не вклучува само избор помеѓу зимски,летни или универзални туку пред се избор на производител. Од неодамна сме сведоци на наплив на голем број на пневматици со азиско потекло со сомнителен квалитет кои не ги задоволуваат европските стандарди за безбедност. Со купување на овие производи купувачите ја компромитираат својата безбедност како и на другите учесници во сообраќајот. Наша препорака е да се користат гуми исклучиво од реномирани светски производители. Во однос на користењето на т.н. универзални гуми сакам да истакнам дека истите не нудат добри перформанси ни во летни ни во зимски услови и затоа претставуваат лош компромис кој секако се одразува на безбедноста. Наша препорака е да се користат зимски гуми со знак на снегулка во периодот од  15ти ноември до 15ти март и летни гуми од 15ти март до 15ти ноември. Ваквиот избор на пневматици ја гарантира безбедноста во сите услови,а со тоа и се продолжува и животниот век на самите пневматици.

  • Кои се предизвиците на Вашата компанија со товарниот програм

Со своето 26 годишно искуство и присутност на македонскиот пазар Мотоцентар е лидер во доменот на товарните пневматици, а во сите тие години имало големи предизвици во пневмативците наменети за товарни возила.

Од самите почетоци наша определба била со нудење на т.н. солуции да им се овозможи што поголема вредност на самите флоти. Тоа го правиме со тоа што за разлика од нашите конкуренти не сме присутни само во доменот на продажба на нови пнеуматици туку имаме развиена и активна постпродажба а со тоа и максимално искористување на пнеуматици. Таа постпродажба вклучува мониторинг и контрола,одржување односно сервисирање на пнеуматиците,нарежување и протектирање на веќе потрошените пнеуматици по технологија на Bandag. Сето ова нуди поголеми бенифиции и заштита кај самите транспортни фирми. Со цел да се приближиме до нашите клиенти работиме на проширување на мрежата на сервисно-продажните центри и во моментов сме единствена фирма за пнеуматици која што располага со 3 сервиси за товарни гуми во Скопје, 1 во Прилеп, Штип и Битола. Исто така располагаме со обучен кадар кој што своето знаење и искуство го има стекнато во различни тренинг центри во Европа.

  • Стратегија за во иднина на Вашата Компанија

Нашата стратегија е да продолжиме со ширење на нашата сервисно-продажна мрежа и во други градови во Македонија се со цел да бидеме поблиски до крајните потрошувачи. Планираме да воведеме нови услуги,нови пакети и солуции со што нашите купувачи би добиле поголема вредност за купените производи.

Со оглед на тоа што се ближи зимската сезона ,би им препорачал на читателите да ја проверат состојбата на нивните пневматици и доколку се летни да ги заменат со зимски и доколку се истрошени да ги заменат со нови. Пред се им препорачувам да поминат во еден од нашите сервисно-продажни центри каде што можат да добијат стручен совет и препорака за состојбата на нивните пневматици, и да се запознаа со сите бенефиции којшто ги нуди Мотоцентар како специјализирана компанија за продажба и одржување на пневматици.

Резервирајте темин во Мотоцентар во Прилеп со јавување на телефонскиот број 073 333 222 или со клик на сликата ⇓ ⇓ ⇓

 

Покрај продажба на нови пневматици, МОТОЦЕНТАР Ви ги нуди и следните услуги:

Монтажа и балансирање
Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.
Балансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.
Во Мотоцентар за секоја купена гума добивате 50% попуст на услугата за промена и балансирање, побарајте понуда и цена за услугите. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.

Азотно пумпање
Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето.

Поправка на пневматици
Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација.
За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP.

Комплетна проверка на подвозјето на вашите автомобили и комбиња

  • спони,
  • јабучици,
  • гуртни,
  • плочи,
  • вилушка,
  • летва,
  • како и центрирање на преден трап,
  • сервисирање и полнење на клима уред со фреон.

Центрирање на трап
Центрирањето на трап е потребно за да се овозможи еднакво и изедначено трошење на нагазната површина, како и прецизност во управувањето со возилото. Доколку оваа рамнотежа е нарушена, возилото не функционира како што треба, а тоа по автоматизам се пренесува и на пневматиците.

Хотел за гуми
Мотоцентар Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гуми. Сите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно. Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …