ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

Брзиот имунолошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а не е ни толку прецизен колку што се тврди, пишува ИРЛ, која подготви истражување за тестовите со своите партнери од OCCRP.

Тоа не е единствениот случај на кинески тестови во светот да се нудат како европски или производени во САД, велат истражувачките новинари кои работеле на случајот. Тие откриле уште најмалку три брендови кои како свои продавале тестови направени од кинески производител.

Неефикасниот тест довел и до лажна надеж за 45-годишниот Роџер Зекировски, кој починал од Ковид-19 три дена по тестирањето со „холандски“ тест, пишува ИРЛ.

„Тестот, продаден од холандската компанија Инзек Интернешнал Трејдин под брендот Биозек – беше еден од најмалку три брендови на брзи тестови за корона вирусот издаден од европски и американски производители, кои всушност се ре-брендирани од популарен кинески тест. Тестот произведен од Хангзоу Аллтест Биотех Цо. Лтд, во неколку независни испитувања се покажал помалку точен отколку што се тврди. Владата на Велика Британија ја откажа нарачката за тестовите, откако наводно открила дека не успале да ги исполнат нивните стандарди за точност“, се тврди во текстот на ИРЛ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …