Иселувањето на студентите од студентските домови ќе започне на 15 јуни

На вчерашната седница, Владата ги усвои протоколите за иселување на студентите од објектите на државните студентски домови.

„Процесот ќе започне во понеделник на 15.06.2020 и ќе се спроведува во период до 03.07.2020 година, во работните денови од 08:00 до 16:00 часот“, информираше претседателот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски.

Студентските домови се затворија на 11 март, со цел спречување на ширењето на корона вирусот, а студентите имаа неколку дена рок да ги подигнат своите лични работи. Иако, имаше најави дека домовите би можеле да се користат и како државен карантин, сепак такво нешто не се случи.

Поради принудно заминување од домовите, студентите беа ослободени од партиципација за месец март. Претседателот на Државниот студентски центар, под чија надлежност се студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“, „Гоце Делчев“, „Невена Ѓорѓиева Дуња“ и студентската населба „Стив Наумов“, изјави дека оние студенти кои платиле партиципација за месец март ќе им бидат вратени парите штом се регулира состојбата во домовите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути

Менталното здравје е грижа за себе, грижа за градење на сопствените капацитети. Она што недостасува …