Мисијата „Дарт“ на Американската вселенска агенција (НАСА) успешно удри во астероид со цел да тестира системот за одбрана на планетата Земја.
Вселенско летало на НАСА удри во астероид со неверојатна брзина во понеделникот во невидена генерална проба за денот во иднина кога можеби карпа-убиец би ја загрозил Земјата.
„Имаме удар!“, воскликнаа членовите од Контролата на мисијата, скокајќи од задоволство и покажувајќи со рацете кон небото.
Галактичкиот судар се случи на безопасен астероид оддалечен 7 милиони милји (11,3 милиони километри), при што вселенското летало наречено „Дарт“ удри во вселенската карпа со брзина од 22.500 км на час. Научниците очекуваа ударот да издлаби кратер, да исфрли низа од камења и нечистотија во вселената и, што е најважно, да ја промени орбитата на астероидот.
Телескопите ширум светот и во вселената беа насочени кон истата точка на небото за да го снимат спектаклот. Иако ударот беше веднаш очигледен – радио сигналот на „Дарт“ нагло сопре – ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се утврди колку патеката на астероидот е променета.
Мисијата вредна 325 милиони долари беше првиот обид да се смени позицијата на астероид или кој било друг природен објект во вселената.
Сударот со вселенско летало беше дизајниран како експеримент за да се провери дали на ваков начин во иднина би можело да се промени траекторијата на движење на некој вселенски објект кој претставува закана да удри во нашата Планета.
Камерите на мисијата „Дарт“ испраќаа слики секоја секунда, сè до моментот кога леталото се судри со метата – 160 метри голема карпа наречена Диморфос.
Извор: МЕТА