Истрага против две лица од Пакистан и малолетници од Авганистан кои криумчареле и малтретирале мигранти

Две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан се осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тие биле дел од организрана група која создала импровизирани кампови за мигранти во близина на границата со Србија. Осомничените им ги земале мобилните телефони на мигрантите, ги фотографирале и барале пари од нивните семејства за да ги ослободат, соопшти ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Мрежата на криумчарење и малтретирање мигранти функционирала во периодот од август до ноември, при што осомничените прифаќале и сместувале мигранти кои илегално влегувале од територијата на Грција, а од таму илегално ги пренесувале во Србија и земјите на Европската унија.

„Во камповите мигрантите присилно биле задржувани, им биле одземани мобилните телефони и личните документи со што им оневозможувале каков било контакт надвор од кампот. Искористувајќи ја нивната немоќ, осомничените физички ги малтретирале жртвите, ги фотографирале и фотографиите ги испраќале на нивните семејства од кои барале парични средства за да ги пуштат жртвите да ја продолжат рутата, со употреба на сила и закана  изнудувале парични средства и од жртвите кон кои се однесувале на крајно суров и понижувачки начин, а со некои имале и полови односи“, соопштија од Обинителството.

Случајот бил откриен како резултат на меѓународна соработка со органите на прогон од Србија, каде двајца оштетени мигранти ги пријавиле настаните.

Во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција во откриениот импровизиран камп, каде биле пронајдени 35 мигранти, од кои девет деца на возраст од 14 и 15 години.

На сите осомничени им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена. За кривичните дела за кои се товарат е предвидена казна затвор во траење од најмалку осум години.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Швајцарците гласаа за задржување на мерките против Ковид: „Мнозинството е за разум“

Мнозинството Швајцарци на референдум околу Ковид-законот во земјата ја дадоа својата поддршка за мерките на …