СДСМ лого

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

Соопштение за јавност

Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев уште еднаш се потврдени и препознаени од граѓаните. Според истражувањето на реномираната агенција Брима Галуп, коалицијата „Можеме“ и претседателот на СДСМ Зоран Заев имаат најголем рејтинг меѓу граѓаните.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните, а на трето место е ДУИ со поддршка од 8,2%, Движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2 отсто.

Претседателот Зоран Заев е политичар со убедливо најголема поддршка од граѓаните. 9,4 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во претседателот на СДСМ Заев, додека само 4,2 отсто се изјасниле за Христијан Мицкоски.

Останати партии партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со рејтинг од 1,3%, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6%.

Во однос на излезноста, 41 отсто од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, додека 18,3 отсто дека сигурно нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност но имаат поголема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите на 15 јули.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува државата, граѓаните, со 29,1% поддршка, ја означуваат пандемијата со COVID-19. По нив следуваат Невработеноста со 21,2%, Економскиот развој со 14%, Нискиот стандард со 9,4%, а потоа со помали проценти под 4% следуваат низок квалитет на државната администрација, општата политичка ситуација и криза, ниски плати и пензии, криминал и корупција, слабо функционирање на системот и иднината на младите.

За 73,2 отсто од испитаниците подобро е нашата државата да стане членка на ЕУ, додека 18,3 сметаат дека подобро е да не стане членка на ЕУ, а 8,6 отсто немаат одговор.

Во однос на почитување на мерките за заштита од коронавирсуот, 63 отсто од испитаниците одговориле дека повеќето од мерките за заштита се почитуваат од граѓаните, додека 34 отсто одговориле дека повеќето не се почитуваат, 3 отсто одговориле со не знам.

На прашањето за тоа колку се согласуваат дека „Промената на името во Република Северна Македонија и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе придонесе кон подобрување на генералната ситуација во земјава“, 40,7% од граѓаните се изјасните дека целосно или делумно се согласуваат со ова тврдење, додека 36,8% целосно или делумно не се согласуваат со ова тврдење. 15,3% од испитаниците ниту се согласуваат ниту не се согласуваат, 4,4% не знаат, а 2,8% одбиваат да одговорат.

Чесните, одговорни и домаќински политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев уште еднаш се препознаени и поддржани од страна на мнозинството граѓани. Сите истражувања на јавното мислење од релевантни агенции покажуваат дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ се апсолутни фаворити на изборите на 15 јули.

Истражувањето било спроведено од 5 до 14 јуни 2020 година, со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N=1.174 испитаници на возраст од над 18 години.

Истражувањето е изработено и понудено од страна на Брима галуп, а СДСМ го има откупено и располага со ексклузивно право за негова објава.

 

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …