Истражување на УНИЦЕФ: 80% од родителите високо ја оценија онлајн наставата

Истражување на УНИЦЕФ: 80% од родителите високо ја оценија онлајн наставата

Позитивни оцени за онлајн наставата даваат анкетираните родители во истражувањето на УНИЦЕФ, спроведено со 1793 родители. Дури 55% од анкетираните родители на деца кои посетувале настава на далечина истата ја оценуваат со „петка“ или одлично, 25% ја оценуваат со „четворка“ или многу добро.

Истражувањето покажува дека перцепцијата на родителите е дека е значително подобрена онлјан настава оваа учебна година споредбена со лани. Според податоците од истражувањето со родителите може да се заклучи дека има голем напредок во однос на организацијата на наставата и квалитетот на истата, споредено со лани. Оваа година дури 45% од анкетираните родители рекле дека не се соочиле со поголеми потешкотии во однос на организацијата на онлајн учењето на своите деца, додека лани вака одговориле само 19%. Покрај ова, се забележуваат позитивни трендови во однос на сите прашања поврзани со наставата, па така само 14% од нив рекле дека „наставниците им даваат преобемни задачи на учениците“ во споредба со лани кога вака одговориле 29%.

Само 12% од родителите рекле дека не добивале доволно повратни информации од наставниците за напредокот на децата споредбено со лани кога 22% го тврделе ова. Понатаму, само 4% рекле дека организацијата на училиште била хаотична додека лани секој петти родител сметал вака и само 2% ова година рекле дека наставниците не правеле никаква проверка на знаењето во споредба со 12% кои ова го тврделе за ланската учебна година.

На прашањето „Севкупно, колку сте задоволни од поддршката што ја добиваше Вашето дете од училиштето и од наставниците додека се одвиваше учењето од дома?“ 61% од анкетираните родители рекле дека се многу или прилично задоволни што претставува значително попозитивен став споредбено со лани кога 42% го тврделе истото.

Родителите се многу задоволни и од наставниците и начинот на кој тие работеле со нивните деца. Високи 70% ги оцениле наставниците со „петка“ а дополнителни 19% проценти со „четворка“.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …