Истражување на ОБСЕ: „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија“

Истражување на ОБСЕ: „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија“

Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги презентираше наодите од истражувањето со наслов „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија“. Настанот, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“, ја истакна клучната важност на улогата на младите во обликувањето на безбедносниот и сигурносниот пејзаж на државата.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори настанот подвлекувајќи ја посветеноста на Мисијата кон младите и истакнувајќи ја важноста од вклученоста на младите во напорите за мир и безбедност.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста“, изјави амбасадорот Вал.

Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.

„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци = тоа е повик за дејствување“, додаде Вал.

Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација. Во него се открива дека многу млади во Северна Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и дека им недостасува доверба во институционалните одговори. Наодите исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.

По презентацијата следеше и панел-дискусија, на која учествуваа клучни засегнати страни како заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исеини, претседателот на Младинскиот образовен форум, Ристо Савески и заменик-претседателот на Унијата на средношколци, Ива Трпески. Панелистите зборуваа за начините кои може да ги подобрат перцепциите на младите за безбедност и да го подобрат дијалогот помеѓу младите луѓе и властите.

Овој настан е клучен чекор кон спроведувањето на Националната стратегија за млади (2023-2027) и нејзиниот Акциски план. Мисијата на ОБСЕ во Скопје останува посветена на соработување со националните институции да развијат ефективни механизми за спречување и обраќање внимание на насилство кај младите и за зајакнување на младинската вклученост во безбедносните работи.

Целиот извештај е достапен онлајн на веб-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на македонски, албански и англиски јазик. Perceptions, views and challenges of young people in North Macedonia – Research on Youth and Security | OSCE

Прочитајте повеќе

Само половина од над 18 илјади домаќинства би требало да ги добијат ветените субвенции за инвертери

Само половина од над 18 илјади домаќинства би требало да ги добијат ветените субвенции за инвертери

Граѓани кои аплицираа уште пред девет месеци се жалат дека пред прагот на грејната сезона, …