Италијански инвеститори во посета на Општина Прилеп

Италијански инвеститори во посета на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска разговараше со сопственикот на прилепската компанија со италијански капитал „Dan Innovation“, Дарио Буци и директорот на компанијата во Прилеп, Гоце Станоески.
Италијанскиот бизнисмен Буци, изразувајќи го задоволството од воспоставената соработка со градоначалникот на Општина Прилеп, презентираше дел од своите планови за развој на оваа извозно ориентирана компанија, засега со 10 вработени.
„Планираме зголемување на производствените капацитети во Прилеп, бидејќи сме извозно ориентирана фирма. Седиштето е во Милано, но, имаме своите производствени гранки освен во Македонија и во Кина и Турција. Извезуваме на сите континенти, а во моментов сме фокусирани на американскиот пазар“, истакна бизнисменот Буци на средбата со градоначалникот Јованоски.
Тој додаде дека компанијата „Буци-Буци“ го следи последниот современ тренд за расветни тела. А, на листата нејзини редовни клиенти се светските брендови „Армани“ и „Версаче“.
Градоначалникот Јованоски пак акцентираше дека Општина Прилеп со сите свои капацитети ќе го поддржи успешното функционирање на оваа компанија во Прилеп.
„Задоволство ми е, што како италијански инвеститори во Прилеп, покажавте интерес за оваа средба. Како Општина со сите расположици капацитети ќе го поддржиме вашето функционирање. Ги поздравувам вашите планови за развој и проширување на производствените капацитети во Прилеп. Тоа ќе значи и можност за отворање на нови работни места во градот“, истакна градоначалникот Јованоски, ставајќи акцент на потребата од силна општинска логистика, за сите актуелните, и потенцијални идни инвеститори“.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …