Иванов го назначи генералот Нуредини за нов заменик-началник на генералштабот на АРМ

Иванов го назначи генералот Нуредини за нов заменик-началник на генералштабот на АРМ

Врховниот командант на АРМ, претседателот Ѓорге Иванов, го смени заменик-началникот на Генералштабот, бригадниот генерал Мухамет Рацај, објави „Порталб.мк“.

Информацијата ја потврдуваат и од кабинетот на претседателот, од каде велат дека декретот за смената на Рацај бил објавен во „Службен весник“.

„Да, информациите се вистинити и декретот е објавен во „Службен весник“. Рацај е разрешен, а Азим Нуредини е именуван на негово место”, потврдиле од кабинетот на Иванов за „Порталб“.

Инаку, Рацај на позицијата заменик-началник на Генералштабот на АРМ дојде на 18 август 2015 година.

Бригадниот генерал Нуредини, кој го заземе местото на Рацај, претходно беше началник на Здружената оперативна команда. По потекло е од Битола, а завршил Воена академија во Белград. Чинот бригаден генерал го доби во 2015 година. Одликуван е со медал на ИСАФ за учество во мировна мисија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …