Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија

Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија и од Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новоименуван амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана.

Доаѓањето на новата британска амбасадорка Галовеј го најави досегашниот амбасадор Чарлс Гарет кој на неговиот „Твитер“ профил и посака добредојде.

„Добредојде Рејчел Галовеј во топлите (и понекогаш турбулентни) води на Твитер во Македонија. Фасцинантни читања и подготвеност за дебата ве чека“, напиша Гарет.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …