Избори во Шведска: Најмногу гласови за Социјалдемократите

Избори во Шведска: Најмногу гласови за Социјалдемократите

Шведска гласаше, но сè уште нема нова влада. Социјалдемократите на Магдалена Андерсон излегуваат како најсилна политичка сила од изборите. По пребројувањето на 94 проценти од гласовите, сè уште не е јасно дали можниот сојуз на левиот центар предводен од Андерсон, составен од четири партии, ќе успее да обезбеди мнозинство во парламентот на оваа земја членка на ЕУ. 

Потенцијалните коалициски партнери на Социјалдемократите имаат значајни несогласувања околу клучни прашања. Затоа конзервативниот премиер Улф Кристерсон сè уште има шанса да остане на власт, во коалиција која, меѓу другите, би ги вклучувала и деснопопулистичките Шведски демократи.

Тесна трка за местата во парламентот

Според изборната комисија, блокот на Андерсон во моментов има тесно мнозинство со 176 од вкупно 349 пратенички места. Конзервативците на Кристерсон, нивните два досегашни коалициски партнери и десничарските популистите заедно имаат 173 мандати.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон гестикулира со рацете додека се обраќа на партиски митинг. Зад него можат да се видат повеќе негови сопартијци
Шведскиот премиер Кристерсон рече дека ќе го почитува обидот на Андерсон да формира владаФотографија: Christine Olsson/TT News Agency/picture alliance

Поради исклучително тесниот резултат, конечниот победник на изборите би можел да биде познат дури во среда, кога ќе бидат преброени последните гласови на шведските државјани од странство, како и поштенските гласови пристигнати во последен момент.

Десничарските популисти губат поддршка

По пребројувањето на 94 проценти од гласовите, Социјалдемократите на Магдалена Андерсон имаат освоено 28,1 процент од гласовите. Во споредба со изборите во 2022 година, тоа би претставувало пад (2022: 30,33 проценти).

Конзервативците на Кристерсон следуваат со 19,9 проценти од гласовите (2022: 19,10 проценти). Доколку овој резултат се потврди, тие повторно би ги престигнале Шведските демократи и би станале втора најсилна партија во парламентот.

За Шведските демократи ова беше горчлива изборна вечер. Според досегашните бројки, тие освојуваат 17,6 проценти од гласовите и веројатно за првпат во својата историја ќе забележат пад на поддршката на парламентарни избори (2022: 20,54 проценти).

Лидерот на партијата Шведски демократи Џими Окесон гестикулира со едната а држи микрофон во другата рака додека се обраќа од бина
Горчлива постизборна вечер: Лидерот на десничарско популистичката партија Шведски демократи Џими ОкесонФотографија: Jonathan Nackstrand/AFP

„Очигледно изгубивме неколку процентни поени во однос на резултатот од пред четири години“, изјави нивниот лидер Џими Окесон. „Сепак сметам дека сме победници во оваа кампања, затоа што денес има многу повеќе луѓе во нашата земја кои не се чувствуваат непријатно да кажат дека ги поддржуваат Шведските демократи.“

Другите партии од левиот центар бележат раст

Пред четири години во Шведска дојде до политички преседан кога Шведските демократи, по изборите во 2022 година, за првпат овозможија парламентарно мнозинство за конзервативната влада на Улф Кристерсон.

Фактот што Магдалена Андерсон, и покрај падот на поддршката за Социјалдемократите, сè уште има реална можност да се врати на чело на владата, пред сè се должи на подобрите резултати на партнерските партии.

По речиси целосното пребројување на гласовите: Левичарската партија освои 8,2 проценти од гласовите, Либералната Центар-партија освои 7,1 процент а Зелените освоија 6,1 процент.

Досегашните партнери на Кристерсон во таканаречената „Тиде-влада“, Христијанските демократи и Либералите, освоија 6,2 односно 5,4 проценти од гласовите.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра економистката Јустина Широка Пула за претседател на земјата – функција …