ИЗБРАНО НАЈДОБРОТО ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА

ИЗБРАНО НАЈДОБРОТО ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА

По објавениот јавен повик со наслов „Круг на јарболите“, објавен од Општина Битола за решение на кружниот тек на влезот во градот од страната на Прилеп, денес пред јавноста беа претставени притигнатите идејни решенија и победничкиот проект.  Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска истакна дека ова е можност да им се даде шанса на младите за да ги реализираат своите идеи, токму во местото каде што живеат.

„На повикот добивме пет апликанти и можам да кажам дека сите пет решенија се навистина креативни, инвентивни и убави на свој начин. Но квалитетот и вредноста во овој повик од една страна е што им овозможувате на граѓаните да се вложат и да се внесат во тоа како треба да изглеад нивниот град, а од друга страна, сите идеи и креативност која што ја имаат младите, да им дадете можност да биде материјализирана. Ова е прв повик од ваков карактер, но тука нема да застанеме. Идејата која е првонаградена ќе ја реализираме во кружниот тек, додека дел од останатите идеи ќе биде настојувано да бидат реализирани во останатите делови од градот, зависно од понудените карактеристики“, рече Петровска.

Членовите на комисијата, составена од вработени стручни лица во општината, но и надворешни соработници, посочија дека се изненадени од квалитетот на понудените решенија, кои технички ги задоволија сите стандарди на повикот.

„Избраното решение како првонаградено,  по својата идеја „ракување“ е многу важно како момент на добредојде. Но, како надворешен член на комисијата и како стручно лице, сакам да го поздравам ваквиот начин на комуникација со јавноста, затоа што културниот идентитет на градот во ставаме на преден план како еден од движечките актери за урбаниот развој  на градот, а инволвирањето на граѓанскиот сектор мора да е важен дел, ако сакаме да имаме успешен град за живеење на сите нас“, рече Анастасија Трајковска, архитект.

Победници на конкурсот се младите архитекти Мила Рориќ и Дејан Томски, кои го образложија своето идејно решение, преку кое ќе бидат претставени сите почесни конзулати во градот, со свои поставени знамиња.

„Појдовната идеја на нашето решение беше „Кругот на јарболите“ да претставува еден пријателстки поздрав за секој посетител на градот, но и за жителите, исто како што градот Битола, како град на конзулите, претставува симбол на соработката на пријателството и народите. Ние секако се надевавме на победа во овој конкурс“, истакнаа победничките автори на проектот.

Победничкиот проект од страна на Општина Битола е награден со паричен износ од 1.000 евра во денарска противвредност, а останатите пријавени дела со по 100 евра.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …