пожар

Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово

Нема повредени лица, но предизвикана е огромна материјална штета

Пожарот кој синоќа изби во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово е изгаснат, од страна на пожарникари од ТППЕ Берово и други противпожарни единици од околните места. Дел од гостите биле претходно евакуирани и нема повредени лица, но пожарот предизвикал огромна материјална штета.

„Пожарот најверојатно избувнал од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и четири противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани, Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран“, изјави Сашко Руменовски, командирот на ТППЕ Берово.

Изгорена е летната тераса на хотелот, но не се дозволило пожарот да се прошири до собите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …