Изградбата на гасоводната мрежа во Битола ќе почне 2020 и ќе заврши за десет години

Изградбата на гасоводната мрежа во Битола ќе почне 2020 и ќе заврши за десет години

Општина Битола склучи договор со компанијата „Простор“ од Куманово за изработка на проект за дистрибутивна гасоводно мрежа во вредност од 100.000 евра.

Договорот со компанијата „Простор“ се однесува и за идееен и за основен проект, за дистрибутивна гасна мрежа и за телекомуникациски коридор.

„Според проектниот план, одобрувањето за градба би требало да биде готово во првата половина на 2020 година. Секундарната гасоводна мрежа ќе се гради во повеќе фази, во зависност од обезбедените средства и од потребата на корисниците, а се очекува целиот тој процес да се заокружи во наредните 10 години“, велат од Општина Битола за „Мета“.

Магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, е во должина од 92 километри. Според динамиката на изведба, се очекува тој да биде завршен во првиот квартал во 2020 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …