Изградбата на патот стопанство – Алданци – Норово, е најдобар доказ дека власта ги реализира ветените проекти

Пишува: Сотир Габелоски

Патот стопанство – Норово – Алданци, едно од најголемите барања на жителите на населените места во општина Крушево, конечно се реализира, што е најдобар показател дека локалната самоуправа го слуша гласот на народот и ги решава проблемите на граѓаните.

Оваа делница од околу 7 километри претставува поврзување од регионалниот пат Кривогаштани – Крушево, индустриска зона „Опаленик“, со населените места Алданци, Норово, се’ до Житоше, општина Долнени. Патот е уште едно, дополнително поврзување меѓу општините Крушево и Долнени, после изградбата на новиот пат с.Борино – с.Житоше.

Изградбата на овој пат беше долгогодишно барање на жителите на Алданци и Норово, заради видливо оштетениот пат кој со години континуирано се оштетуваше. Од тие причини, реконструкцијата на овој патен правец беше од приоритено значење за општина Крушево, особено за жителите на двете населени места.

За среќа, потребата од негова реконструкција и рехабилитација беше препозната и од централната власт, како еден од најважните во патната инфраструктура во регионот. По лична заложба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, патот и официјално започна да се реконструира.

Проектот беше вметнат во Годишната програма за работа на ЈП за државни патишта за 2020, но и тоа не беше доволно да ги убеди граѓаните од овој регион дека патот навистина ќе биде изграден, што секако се должи на повеќекратните нереализирани ветувања. Денес, овој 7 – километарски пат, е дел од околу 40 километри реконструираната и изградена патна инфраструктура во општина Крушево.

Заложбата на локалната самоуправа се изразува преку овој, но и многу други проекти. Овде повторно се навраќаме на она што многу пати досега сме го констатирале – дека без владина поддршка не може да се постигне голем исчекор во изградбата на инфраструктурата. Тоа е случај и со овој патен правец, кој со претходно направената измена на категоризацијата стана регионален и кој без помошта на Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, немаше да се реализира.

За вакви и слични идни проекти епилогот ќе биде извесен, само доколку постои ваква соработка меѓу локалната и централната власт, а реконструкцијата на патот Стопанство – Алданци – Норово, е само уште еден голем успех на локалната самоуправа на општина Крушево и Владата преводена од СДСМ, во насока на реализација на проекти кои се во интерес на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …