Излагање на Сугарески за Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Излагање на Сугарески за Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Обраќање на министерот Сугарески за новиот предлог на Закон за легализација:

Почитувани,

Сакам да информирам дека на последната седница на Владата, беше усвоен Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Имено ова е сосема нов Закон а целта на донесување на овој закон е да се обидеме да ставиме крај со изградба на бесправни градби и узурпација на просторот.

На тој начин преку нови законски решенија очекуваме дека ќе ги заштитиме интересите на државата во делот на градежното земјиште.

Со предлог на Законот:

Се предвидува можност за легализација на  бесправни објекти кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, помошни градби (гаража, остава) кои се во функција на објект за домување или друг вид на објект, базени на ниво на терен за индивидуална употреба, времени објекти наменети за домување како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи (освен настрешници и објекти за времено сместување) согласно Законот за земјоделско земјиште кои се изградени на градежно земјиште, а кои претставувуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 Октомври 2019 година.

Понатаму ќе можат да се легализираат и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или општините или правни субјекти основани од држават, кои заклучно со 1 Октомври 2019 година се градежна целина.

Со овој закон нема да можат да се легализираат бесправни објекти со намена А2 односно домување во станбени згради како и бесправни доградби и надградби  на зградите на пример терасите.

Исто така со законот не можат да се легализираат бесправно изградените објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Обединетите нации и за кои објекти во Студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и Студиите за оцена на влијанија врз културното наследство, кои се спроведуваат согласно препораката број 9 од Извештајот за реактивната мониторинг мисија од април 2017 година на Центарот на Светското наследство, е утврдено дека ќе ги загрозат Исклучителните универзални вредности.

Значи во рамките на Охридскиот регион ќе можат да се легализираат само оние објекти кои преставуваат функционална целина до 1 октомври 2019 година и кои според Студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и Студиите за оцена на влијанија врз културното наследство не ги загрозуваат  универзалните вредности согласно УНЕСКО.

Имателите на бесправни објекти имаат обврска да достават барање во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на законот како и обврска од шест месеци од моментот кога се известени дека нивното барање не е комплетно, да ја достават потребната документација.

Во однос на потребната документација отаа останува истата и тоа:

– копија од лична карта или уверение за државјанство за физичко лице

– извод од Централен регистар за правно лице,

– доказ за приклучок на бесправниот објект на водоводна или електроенергетска инфраструктура или сметки за вода или струја,

– доколку објектот нема инфраструктурни приклучоци потребно е да се достави изјава заверена кај нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди кога бил изграден објектот

– геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.

Висината на легализација ќе се пресметува во висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште односно комуналиите во секоја општина посебно и плус се зголемува за 50% и се множи со површината на бесправниот објект која е утврдена со геодетскиот елаборат

За бесправни електронски комуникациски мрежи и средства висината за легализација изнесува 10 евра во денарска противвредност по м2 од изградената површина која е утврдена со геодетскиот елаборат.

За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја  на пример заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, национални паркови и така натаму,  се предвидува да се побара согласност за легализирање од органите надлежни за управување со овие подрачја.

За да може да се легализира бесправниот објект, тој  треба да е компатибилен со намената на планската документација а доколку постои неусогласеност со планската документација или пак објектот се наоѓа надвор од плански опфат, Советот на единицата локална самоуправа треба да одлучи дали објектот ќе може да се вклопи во планската документација.

Постапката за легализација ја спроведуваат општините, а  министерството за транспорт и врски ќе ја спорведува постапката за објектите од значење за Републиката и за електронските комуникациски мрежи.

Постапките за легализација кои се спроведуваат во моментов согласно постојниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти ќе продолжат согласно тој закон.

Исто така се дава можност имателите на бесправни објекти кои претходно поднеле барање за легалзаиицја а биле одбиени, да можат да поднесат ново барање за легализација според новиот закон.

Ова генерално се новите законски одредби според со кои ќе се водат постапките за легалзаиција. Предлог законот е веќе достсавен во Собраните и очекувам да почнеме да се разгледува на матичните комисии.

Прочитајте повеќе

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

Oператорите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, …