Утре, вторник 5.март, со почеток во 13 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат 30 дела од 16 ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина, кои учествуваа на 55 издание на меѓународната Струмичка ликовна колонија.

Изложбата на дела од Струмичката ликовна колонија, е плод на соработката на Центрите за култура од Прилеп и Струмица.