Изложба на книги на Друштвото за наука и уметност – Прилеп

Изложба на книги на Друштвото за наука и уметност – Прилеп

Денеска во просториите на Друштвото за наука и уметност – Прилеп, беше презентирана изложба на книги чии автори се актуелни и поранешни членови на Друштвото за наука и уметност, а кои се издадени од страна на Националната универзитетска библиотека „Климент Охридски“- Скопје.

На денешната изложба беа презентирани вкупно 22 книги, со преку 600 стручни и научни трудови. Како што посочи Тодор Алексоски, потпретседател на Друштвото за наука и уметност, целта на изложбата е членовите на Друштвото преку делата да го дадат свој придонес во развојот на науката во регионот и пошироко. Изложбата беше посетена и од учениците на Гимназијата „Мирче Ацев“, кои се запознаа со делата и дознаа повеќе за нивното значење и вредност.

„Библиотеката брои преку 2.500 книги, но секогаш добиваме нови книги од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), подароци од поединци и други научни друштва и оваа бројка во континуитет расте“, посочи Алексоски.

Денес во Друштвото за наука и уметност – Прилеп членуваат над 150 научни работници од градот и Републиката, академици, доктори на науки, магистри, лекари примариуси и уметници. Членовите се организирани во одделенија за општествени, биолошки, математичко-технички науки, медицина, лингвистика, литературни науки и уметност и активно придонесуваат во пренесувањето на научната мисла и продолжување на културната мисија.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …