Изложба на Сергеј Дамовски во ЦК „Марко Цепенков“

Во петок, 18 мај со почеток во 19.30 часот, во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ Лепени, сечени, монтирани“, од уметникот Сергеј Дамовски.

Сергеј Дамовски е дипломиран ликовен педагог со вајарство, работи како професор по ликовна уметност во СУГС „Цветан Димов“ во Скопје. Во изминативе 30 години активно учествувал во културното творештво на Република Македонија. Има учествувано на многу групни изложби и колонии во земјава и во странство, а организирал и неколку самостојни изложби. Последните 10 години работи како професор по ликовна уметност во повеке средни училишта во Скопје.

За многу од неговите активности, како од областа на културата така и од областа на образованието, има добиено различни награди, признанија, пофалници и благодарници.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Регионалната соработка клучна за полесно надминување на кризата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на Самитот „Македонија2025“ посветен на актуелната …