Изработена Стратегијата за родова еднаквост на Општина Делчево, Берово и Пехчево

Изработена Стратегијата за родова еднаквост на Општина Делчево, Берово и Пехчево

Првиот стратешки документ на Општина Делчево кој треба да ја унапреди состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во општината е изработен во рамките на проектот „ Со стратегија и акциски планови до еднакви можности на жените и мажите во Делчево, Берово и Пехчево“ кој е имплементиран од НВО КХАМ , а поддржан од Фондацијата „The kvinna till kvinna“.

Во Стартегијата се предвидени четири приоритетни области на делување: Човековите права и родовата еднаквост во областите политика, родово базирано насилство, економија, потоа партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики, едукација на населението за родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените, како и институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот.

-Партиципативното стратешко планирање кое беше имплементирано при креирањето на овој документ во својата основа е демократски процес за утврдување на почетните состојби и потребите на граѓаните, потоа креирање визија и стратегии за достигнување на посакуваната иднина на една организација или институција (во случајот општина) и претставува корисна алатка за насочување на активностите за имплементација на стратегијата и нивно претставување во форма на стратешки документ, истакна Анита Цоневска, координатор на прокетот.

Очекувањата се дека со имплементацијата на Стратегијата за РЕ ќе се придонесе кон инклузија во општествените текови и еднакви можности на сите граѓани што дополнително поволно ќе влијае и на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од регионот во целост.

Старетишкиот документ се однесува на период од три години. Документот пред советниците ќе се најде по изборите, а до крајот на годината ќе се донесе и деловник за работа на КЕМ и годишна програма за работа за 2020 година.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …