Изречена пресудата за случајот „ТНТ“: 9 години затвор за експремиерот Груевски, 3 за Јанакиески

Изречена пресудата за случајот „ТНТ“: 9 години затвор за експремиерот Груевски, 3 за Јанакиески

9 години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски, 3 за екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, 4 за бившиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски и 4 за тогашната градежна инспекторка Елизабета Најдовска.

Тоа се казните за случајот „ТНТ“ изречени заради рушењето на објектот „Космос“ во 2011 година, кој бил во сопственост на семејството Цаноски.

За овој предмет, Обвинителството тврдеше дека во периодот од 1 април 2012 до крајот на годината, тогашниот премиер Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Јанакиески, сакале да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговата одлука да ја напушти владината коалиција со партијата ПЕИ и да склучи коалиција со СДСМ. Искористувајќи ја владејачката моќ, Груевски и Јанакиески го поттикнале тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски да ја злоупотреби службената положба и незаконски да го сруши „Космос“ кој бил граден од фирмата на Фиат Цановски.

Ова е четврта пресуда што ја изрекува првостепениот суд за предмет во обвинет е Никола Груевски, а шеста за Миле Јанакиески.

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …