Извештајот на Вајц е нова потврда: Власта ја турка Македонија во изолација

Извештајот на Вајц е нова потврда: Власта ја турка Македонија во изолација

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е уште една потврда на она што СДСМ со месеци го говори – Македонија е заглавена, реформи нема, а процесот на пристапување кон Европската Унија е сопрен.

Власта дефинитивно ја турка земјата во изолација.

Цитирам: „Процесот на пристапување е сопрен“, и ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став наведен во овој извештај.

Во документот јасно се наведува дека нема напредок во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата.

Пораката од Брисел е јасна, проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.

Корупцијата и криминалот гледаме дека секојдневно цветаат во Македонија, а секојдневно сме сведоци на криминални тендери, за што и ние како опозициска партија, СДСМ, веќе ја известуваме јавноста. А, гледаме и целосен молк од надлежните институции, кои треба да постапуваат по овие информации, што се објавуваат во јавноста.

Она што го гледаме е дека, наместо реформи, владата намерно отвора кавги со соседите за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.

Води, дефинитивно, антиевропска кампања со обвинувања дека Европа е виновна.

Прочитајте повеќе

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Повеќе од 93 милиони луѓе во Иран живеат во сенка на војна која што би …