Јанески: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Пречистителната станица целосно функционира согласно законските прописи

Јанески: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Пречистителната станица целосно функционира согласно законските прописи

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, Емил Јанески денеска реагираше на изнесените невистини од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваа на работата на Пречистителната станица.

Јанески напомена дека во отсуство на инвентивност како да бидат коректор на власта а во насока на подобрување на животот на граѓаните, ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп решил своето политичко дејствување да го темели врз основа на лаги и манипулации.

Јанески: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Пречистителната станица целосно функционира согласно законските прописи„Се наоѓаме пред сушните полиња во кои се таложи вишокот на тиња. Ако погледнете, сушните полиња се полни и во нив има повеќе од 400 метри кубни тиња. Ако се има во предвид дека вишокот на тиња е во последните 5 месеци и дека вработените во Пречистителната станица просечно вадат и таложат во сушните полиња 70-80 метри кубни, ќе биде јасно дека сета тиња која останува како вишок, се наоѓа во сушните полиња. Дополнително, сакам да кажам дека Пречистителната станица има 24 часовен видео надзор. Од тие причини, го повикувам претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески заедно со мене и во присуство на медиумите, заедно да ги прегледаме видео снимките и да констатираме дали има било какво незаконско делување на вработените. Ако се испостави дека ВМРО-ДПМНЕ лаже, а лаже, најмалку што очекувам е Ристески да им се извини на граѓаните на Прилеп“, изјави Јанески.

Јанески: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Пречистителната станица целосно функционира согласно законските прописиИстовремено, првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“ упати апел до ОК на ВМРО-ДПМНЕ, доколку имаат било каква сугестија или прашања поврзани со работата на јавното претпријатие, а во насока на подобрување на услугите кон граѓаните, да се обратат до менаџерскиот тим на „Водовод и канализација“. Нивните предлози и сугестии ќе бидат земени во предвид, прашањата ќе им бидат одговорени, сѐ во интерес на граѓаните кои треба да ја знаат вистината, рече Јанески.

Јанески: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Пречистителната станица целосно функционира согласно законските прописиДиректорот Јанески посочи дека во понатамошната постапка, ЈКП „Комуналец“ треба да ја подигне тињата и под посебни услови ја носи и складира на депонијата „Алинци“. Тој нагласи дека за оптимално функционирање на станицата, потребно е да се собере одредено количество тиња и со одржување во живот на микроорганизмите, практично се одвива процесот на пречистување на урбаните отпадни води.

„Пречистителната станица функционира согласно позитивните законски прописи, што значи дека во реката испуштаме технички исправна вода. Целокупната фекалија и нечистотија од урбаните отпадни води се таложи на сушните полиња“, потенцираше Јанески.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …