Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на фејбук-профилот „Ел Чека“, просочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени.

– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори – рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија, што се одржува во Клубот на пратениците.

Јанева истакна дека информатичарите ги анализираат „бомбите“ од кои поголем дел се на албански јазик и треба да се преведат.

На прашање дали се работи за истите „бомби“ шти ги поседува СЈО, Јанева рече дека дел од нив ги има. Таа додаде дека не може да гарантира дали бомбите се од СЈО затоа што во овој момент тоа се истражува.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …