Јанша: Ако ЕУ не направи напредок на Западен Балкан, тоа ќе го направат други

Јанша: Ако ЕУ не направи напредок на Западен Балкан, тоа ќе го направат други

Словенечкиот премиер Јанез Јанша потврди дека Западен Балкан ќе биде приоритет на шестмесечното председавање на Словенија со Европската унија.

Зборувајќи пред членовите на Европскиот парламент (ЕП) за време на презентацијата на приоритетите на претседателството, Јанша подвлече дека ако ЕУ не направи напредок во нејзиниот ангажман со Западен Балкан, „тоа ќе го направи некој друг со различни вредности и интереси“.

„Нашата цел е да ја потврдиме, разбудиме и зајакнеме европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Опипливоста на перспективата за проширување мора да биде извор на политичка енергија, инспирација и сè што треба да се направи за спроведување на реформите, како на политичко ниво, така и во умовите на граѓаните кои треба да ги поддржат тие реформи“, рече Јанша.

Шефот на словенечката влада ја потврди организацијата на самитот на ниво на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во октомври оваа година во Словенија.

Осврнувајќи се на сопственото искуство во случајот на Словенија, Јанша ја истакна важноста на европската перспектива за спроведување на реформите во процесот на преговорите за членство.

Тој ја подвлече потребата таа перспектива да биде опиплива и кредибилна за сегашната генерација граѓани на Западен Балкан.

На 1 јули Словенија го презеде претседателството со ЕУ, кое ќе трае до 31 декември годинава. Ова е втор пат Словенија да претседава со ЕУ.

Нејзиниот прв мандат на чело на ЕУ беше во првата половина на 2008 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …