Јас ќе продолжам да зборувам за убави вести а талогот на општеството нека прави рилсови, порача премиерот Мицкоски

Јас ќе продолжам да зборувам за убави вести а талогот на општеството нека прави рилсови, порача премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Форумот на повратници во државата што се одржа во Владата говореше заедно со повеќе поранешни иселеници кои се вратиле во државата низ годините наназад и апелираше до медиумите овие луѓе денеска да бидат главна вест, бидејќи треба „да зборуваме за убави работи“. Сепак, предупреди дека можеби дел од медиумите кои што биле, како што рече, „талог на ова општество“ ќе се обиде да го исмева и да „прави рилсови“.

„Но, јас ќе останам на својот принцип и покрај притисоците од тој талог на општеството, а тоа е дека треба да зборуваме за убави работи. Ова се убави работи, ова се убави приказни, ова се луѓето кои што треба денеска да бидат, не пледирам да бидам режисер и уредник, но ова се луѓето кои што треба да бидат прва вест денеска“, рече Мицкоски.

Според него, тоа се луѓето кои што се вратиле и кои што тука формирале свој бизнис, „оставиле свој футпринтс со 150 со 50 со 70 и така натаму, плати кои што ги даваат овде во Македонија“. Како што додаде тој, овој талог на општеството гради кариери во новинарството врз база на „некои недоследности“ кои се случуваат насекаде.

„Јас разбирам дека притисокот кој што го прави тој талог на општеството и се обидува да гради новинарски кариери на основа на некои недоследности кои што се случуваат, и природно е да се случуваат, такви има и во Стокхолм, такви има и во Њујорк и во Вашпингтон и во Хаг и во Утрехт и во Амстердам и во Милано и секаде. Такви има и во Скопје и во Блатец во Виница и во Градец во виничко и во Битола и насекаде буквално ќе го има“, рече Мицкоски.

Потоа најави дека владата ќе работи и ќе ги поправи тие недоследности, но како што посочи, „трајно загубени луѓе не можеме да ги вратиме“.

„Тоа што може човек да расипе, човек и ќе поправи, но ако трајно заминат луѓето а ние допринесеме за тоа, тоа не можеме да го вратиме. Затоа борбата е за секој еден човек и како влада .. и покрај, ќе повторам, да не бидам здодевен, свесен дека овој талог на општеството после ова што сега го зборувам, ќе прави рилсови и ќе ги објавува на „Ајде да се веселиме“, но јас ќе продолжам да апелирам ајде да се веселиме и да објавуваме позитивни вести и да зборуваме за ова прекрасно парче земја во Европа дека може да живее поинаку и дека може да успее, а вие сте тие примери кои што покажувате со дело дека можело да биде поинаку и дека и овде е убаво и многу поубаво отколку таму каде што сте биле“, рече Мицкоски.

Тој им се заблагодари на сите што ѝ дале повторно шанса на нивната татковина Македонија, и додаде дека Владата ќе стори сè „за да ова биде и вашата последна шанса, односно да биде Македонија нашата заедничка последна шанса, тука да си остариме и тука да ги поминеме оние години кои што ни преостануваат до крајот на нашиот живот, а нормално нашето искуство да го пренесеме на генерациите кои што ќе не наследат, дека каменот тежи дома а каде и да одите надвор сте дојденци“.

Пред и по него говореа повеќе повратници од странство, меѓу кои и Ана Дуковска, родум охриѓанка, која во 2007 година со цел, како што рече, да заработи за магистарски студии заминала во САД.

„Она што започна како привремен чекор, прерасна во привремен 18 годишен престој или патување со многу предизвици и носталгија кон домот и татковината. Првите 10 години во Њу Џерси, останатите во Вашингтон, формирав фолклорно друштво, организирав часови по македонски јазик, културни настани и активно ја промовирав Македонија, организирав јавни дебати со иселеници од цел свет и од соседните држави со цел да испратиме апели за подобрување на врската меѓу татковината и иселениците“, рече Дуковска.

Таа предложи конкретна мерка, да се направи национална кампања за стекнување македонско државјанство за сите Македонци родени надвор од државата „не како административна постапка туку како чин на припадност на признавање па и на враќање дома“.

Потоа говореа Моника и Кристијан Томашевски кои се вратиле од Холандија. „Јас заминав исто како и Ана во 2007 година додека бев стуидент. Ми се пружи можност да работам во Грција, таму поминав 9 години градејќи се како професионалец од најниска па сè до менаџерските позицвии каде што водев големи хотели“, рече Кристијан. Додадека дека по 9 години во Грција заминал на една година во Дубаи, па се вратил накратко во Макеоднија па потоа Моника била причината зошто заминале во Холандија, каде што останале 5 години, сè до март оваа година. Таму им се родила ќеркичка и сфатиле дека дојде времето да се вратиме дома.

Потоа говорече и Ракип Рамаданоски од Скудриње, општина Маврово Ростуше, повратник од Италија каде бил од 1992 година, а во Македонија се вратил пред 20 години. „Таму работев како работник обичен и во 1999 година отворив компанија, која што работеше во градежништвото, и во 2005 година се вратив во Република Макеоднија и отворив нова компанија која денеска има 84 вработени кои што работат во градежништво, од аспект на производство на гипсани производи. Компанијата работи 20 години и е партнер на групацијата Кнауф која што работи во европскиот дел. Работиме на европскиот пазар во Германија, Хрватска, Бугарија, Грција, Италија и други“, рече Рамадановски.

Меѓу повратниците беше и Исмаил Ковачи, кој уште во 2009 година се вратил од Швајцарија. „Во 1979 година заминав за Швајцарија, почнав како работник, и во 2000 година отворив моја компанија за ПВЦ прозори. Од 2000 до 2009 видов дека подобри можности имам овде кај нас, подобри услови и одлучивме да отвориме фирма кај нас тука во Македонија. Од 2009 година отворивме фирма овде за ПВЦ столарија и алуминиум, а 90 отсто од производството го носиме за Швајцарија, 10 отсто по цела Европа, за нашиот пазар можеби ниту 5 отсто. Повеќе нè интересира европскиот пазар. Сите од семејството сме вработени, ова е фамилијарен бизнис, целата фамилија, жена, деца сите работиме за една фирма“ рече Ковачи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …