Јасен е јазот меѓу Заев и Иванов, „Катимерини“ објави записници од средбите

Јасен е јазот меѓу Заев и Иванов, „Катимерини“ објави записници од средбите

Записниците кои ги виделе новинари на весникот „Катимерини“ од лидерските средби во Македонија за преговорите со Грција пред договорот за името да биде потпишан во јуни, укажуваат на тоа политичките лидери сметале дека договорот ќе биде полесен за потпишување со лево ориентираната власт во Грција, јавува дописничката на „Мета“ од Атина.

Со двете средби, на 27 јануари и на 19 мај, претседавал претседателот Ѓорге Иванов пишува „Катимерини“. Првиот состанок се одржал помалку од две недели пред да започнат преговорите под покровителство на специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, додека вториот бил свикан кога се појави името „Илинденска Македонија“.

Според записникот од состаноците – мали извадоци беа објавени на 19 мај од страна на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг “- повеќето елементи од Договорот од Преспа биле веќе договорени, со исклучок на името.

Во записникот, исто така, се открива дека во јануари не се расправало за грчкото барање за уставни промени, додека употребата на името – внатрешна и на меѓународно ниво – било предмет на дискусија.

Во записникот се нагласува дека Грција прво се согласила да го признае македонскиот идентитет, а потоа и македонски јазик. Премиерот Алексис Ципрас, во јануари бил заинтересиран за брзо потпишување на договорот, за да може да оди на избори по летото, со договор за името в раце, заедно со излегувањето од економската криза.

Меѓутоа, до мај, оваа приказна спласнала. Во однос на Нова демократија, записниците од средбата кај Иванов во јануари покажуваат дека нејзиниот одговор на Договорот би можел да биде позитивен. Сепак, ова било променето до мај, кога Заев изјавил дека договорот не може да биде постигнат со владата на Нова демократија. И двете средби покажале јасен јаз меѓу владата на Заев и претседателот Иванов. Состаноците, исто така, покажале дека има загриженост во врска со опасностите од руското мешање со цел да не се постигне договор за името со Грција.

Во меѓувреме, портпаролот на владата, Димитрис Ѕанакопулос, во понеделникот го поздрави високиот процент „да” на гласовите на референдумот во неделата, изразувајќи загриженост за нискиот одѕив.

И покрај забелешките на коалициониот партнер Панос Каменос дека нискиот одѕив значи дека референдумот е „неважечки”, Ѕанакопулос рече дека исходот е „позитивен развој за ратификација и спроведување на Преспанскиот договор”, потпишан помеѓу Атина и Скопје во јуни.

Од Нова демократија вчера рекоа дека резултатот од референдумот докажа дека „национално штетниот Договор од Преспа буквално виси во воздух”. Портпаролката Марија Спираки рече дека Грција „не може да биде заложник на случувањата во нашата соседна земја”.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …