Јавен повик на Агенцијата за вработување за вклучување на невработените и работодавачите во мерката „Практикантство“

Врз основа на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за вработување објави јавен повик до невработените лица, за нивно вклучување во мерката „Практикантство“.

Агенцијата ги повикува невработените лица до 34 годишна возраст кои се евидентирани во работните клубови на 30-те Центри за вработување во нашата држава, а кои се со минимум основно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието, да се вклучат во мерката „Практикантство“ за период до 3 месеци, заради стекнување на одредени практични вештини и знаења.

За секој избран кандидат се предвидува месечна финансиска поддршка од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работното место, како и професионална болест и данок на личен доход.

Истовремено, Агенцијата за вработување упатува јавен повик и до работодавачите кои имаат потреба за ангажирање на невработени лица до 34 годишна возраст, за нивно вклучување во мерката „Практикантство“.

Право на учество имаат работодавачите од приватниот и граѓанскиот сектор, кои имаат најмалку едно вработено лице 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на работодавачите кои како практиканти ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница.

Секој кандидат кој работодавачите ќе го изберат после спроведеното интервју, Агенцијата за вработување месечно ќе го поддржи со 9.000,00 денари, со плаќање на споменатите трошоци за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работното место, професионална болест и данок на личен доход.

Јавниот повик ќе трае сѐ до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …