Општина Прилеп им соопштува на сите граѓани и правни лица на територијата на општината дека се распишува јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.

Во период до 07.10.2018 год.  сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработката на урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Предмет на иницијативата може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечките урбанистички планови или урбанистичко-планска документација со конкретнен предлог од подносителот на инцијативата.

Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Прилеп или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите- правни и физички лица.

Линк до соопштението

Општина Прилеп