визер авион wizzair

Јавен повик за финансирање на нискобуџетни авиокомпании

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на  финансиска поддршка на авиокомпании.

Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од “Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид.

Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање за финансиска поддршка до министерството за транспорт и врски  најдоцна до 12. 10. 2018 година до 12 часот,  кога ќе се оддржи и јавното отворање.

Јавниот повик е објавен во домашни и меѓународни гласила, како и на веб страната на министерството за транспорт и врски.

„Нашата цел како е да обезбедиме континуиран раст на авиосообраќајот во Република Македонија, а за граѓаните да овозможиме нови дестинации до Европа и светот“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …