Јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка

Јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка

Утре, петок 24 ноември, во Клубот на пратеници ќе се одржи јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.

На настанот ќе се обратат Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Кренар Лога, министер за правда и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии.

Целта на донесувањето Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се заштити јавниот интерес на Република Северна Македонија, на начин што ќе се оневозможи располагање со имот, за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а во насока на превенирање кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција.

Прочитајте повеќе

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Од 58 држави, во математичка писменост, македонските ученици се на 44 место. Во природни науки …