Јавниот превоз во Прилеп наскоро со четири нови автобуси на метан

Јавниот превоз во Прилеп наскоро со четири нови автобуси на метан

Во текот на летото, јавниот превоз во Прилеп ќе биде засилен со 4 нови автобуси на метан, чија што набавка е во тек. Средствата се обезбедени од општинската каса, префрлени на Јавното претпријатие за Просторни и урбанистички планови, кое што ја реализира набавката со распишување меѓународен тендер.

Според директорката на ЈП ПУП, Марија Цветаноска новите автобуси значително ќе го подобрат јавниот превоз во градот. Во моментов од 13 набавени стари автобуси од претходната власт, само 5 се во функција за кои се трошат огромни средства за нивна поправка. 

Оваа локална власт и ова јавно претпријатие работат на трајно и квалитетно решавање на проблемот продуциран од власта на ВМРО-ДПМНЕ. Во тек е набавка на 4 нови автобуси на метан, што значи квалитетен превоз и почиста животна средина. Обезбеден е бесплатен градски превоз за пензионери, 4 часа дневно. Нови автобуси и квалитетен градски превоз наскоро ќе има и тоа само една и пол година од доаѓањето на новата локална власт“, порача директорката Цветаноска, на денешната прес конференција, како одговор на невистините изнесени на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …