Јавните здравствени установи дневно ќе можат да прават и до 2.000 тестирања за ковид-19

Јавните здравствени установи дневно ќе можат да прават и до 2.000 тестирања за ковид-19

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за ковид-19, информираат од Министерство за здравство. На овој начин, како што се додава во соопштението, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1.000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните. Институтот располага со доволен број тестови за ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје. Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање за ковид-19 и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2.000 тестирања во јавните здравствени установи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …