обвинителство

Јавното обвинителство ја истражува смртта на професор Сашо Кожухаров

Деканот на Економскиот факултет при Универзитетот Скопје пред 5 дена бил пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, Општина Росоман. Обвинителството ќе истражува со кого комуницирал и дали во времето на смртта е испуштена вода од браната на ХЕЦ Тиквеш

Основното јавно обвинителство Кавадарци соопшти дека ги испитува причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман. Според извори од Јавното обвинителство станува збор за деканот на Економскиот факултет при Универзитетот Скопје, Д-р Сашо Кожухаров.

Од обвинителството велат оти веднаш по настанот извршиле увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не констатирале видливи траги на насилство.

„Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод сè уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Тие исто така посочуваат оти побарале листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација од мобилните оператори. Дополнително, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарале информации дали во временскиот период на настанот е испуштена вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.

Веста за смртта на Д-р Кожухаров ја соопштија неговите колеги од Универзитетот Скопје (поранешен Универзитет за туризам и менаџмент – УТМС) на социјалните мрежи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Најпрво причина за доцнењето на шесте нови еко-автобуси беше згрешен број на шасија, а сега …