• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      ЈКП „Комуналец“: Инвестицијата во хала за секундарна селекција на отпадот е промаршена и економски неоправдана

      7/11/2018
      Македонија
      ЈКП „Комуналец“: Инвестицијата во хала за секундарна селекција на отпадот е промаршена и економски неоправдана

      Најфалената и медиумски најексплоатирана инвестиција на поранешниот директор на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, всушност била најпромаршена и економски неоправдана, и истата најголемото јавно претпријатие во Прилеп го довела во незавидна ситуација, со безброј тужби и блокирана жиро-сметка.

      Ова на денешната прес конференција го истакна директорот на ЈКП „Комуналец“, Ѕвонко Јованоски, кој рече дека реализацијата на овој проект, неговиот претходник ја почнал без да ги обезбеди основните предуслови за започнување на инвестиција.

      „Се’ што Златко Ристески направил со оваа инвестиција за секундарна селекција на отпад, го направил без редослед на приоритети, односно без да направи финансиско затворање на примарната селекција. Извршувал набавки во делот на секундарна селекција, а  без притоа да има добиено градежна дозвола за изградба на хала, каде би се сместила набавената опрема. Првата работа што ја направил, а требало да биде последна, е што во во пролетта 2013 година набавил дел од линијата за секундарна селекција, и тоа сепаратор со ротор ТИП КСР 10 со вредност од  85.943 евра, како и транспортни ленти 7 парчиња, со вредност од     98.369 евра. Или за набавка на овој дел од линијата, вкупно потрошил 184.300 евра. За набавената опрема од производителот  „Техникс“ од  Хрватска, не е  добиена  никаква техничка документација, ниту пак за нејзино одржување и сервисирање. Опремата е оставена да лежи во кругот на Терминалот, изложена на временски неприлики. Ова е само дел од вкупната опрема, а за нејзино докомплетирање и ставање во функција потребни се уште дваесетина сегменти, во вкупна вредност од 500.000 евра“, изјави Јованоски.

      Јованоски истакна дека досегашните трошоци за оваа инвестиција изнесуваат 22.738.200,00 денари а за целосна подготовка на халата, потребни се уште 41.000.000,00 денари, кои ЈКП „Комуналец“ не е во можност  да ги обезбеди. Од тие причини, инвестицијата е стопирана, со цел претпријатието да не биде изложено на дополнителни трошоци.

      Што се однесува до економската оправданост на инвестицијата, директорот на најголемото прилепско јавно претпријатие напомена дека кога халата би се изградила и линијата би била монтирана за двосменско работење од 16 часа, таа би трошела околу 2.000 киловат часови електрична енергија. Ако на тоа се додадат и трошоците за работна рака, инвестицијата би била нерентабилна, односно повеќе би трошела, отколку што би приходувала.

      „ЈКП „Комуналец“ набави вешт наод и мислење за функционалноста и употребливоста на оваа линија, која веќе 5 години лежи изложена на надворешни влијанија. Согласно наодот, подвижните делови како што се лежиштата и транспортните ленти, оштетени се и треба да се заменат со нови. Потребните финансии за замена на овие делови би изнесувале 30-40% од фактурираната вредност на опремата, односно 64. 500 евра. Ова е директна штета предизвикана од неработењето на линијата“, потенцираше Јованоски.

      Поради сите овие предизвикани и направени штети, директни или индиректни, со кои ЈКП „Комуналец“ е доведен во незавидна ситуација, како и поради лошо и несовесно менаџирање, Јованоски ги повика институциите на системот, МВР и Јавното обвинителство, да реагираат согласно законската регулатива.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп
      Следно
      Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп
      „СЕКЕ“: Обвинувањата за поврзаност на нашата компанија со Савидис, се неточни и злонамерни
      Претходно
      „СЕКЕ“: Обвинувањата за поврзаност на нашата компанија со Савидис, се неточни и злонамерни

      Слично

      • 20/2/2019

        Писмо на Трамп до Заев: Ви честитам за лидерството и

        Писмо на Трамп до Заев: Ви честитам за лидерството и посветеноста, Северна Македонија е голем партнер на САД
        20/2/2019

        Средба на премиерот Заев со делегација на Хрватско–македонската тангента предводена

        Средба на премиерот Заев со делегација на Хрватско–македонската тангента предводена од поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ
        20/2/2019

        Заев и Тевдовски: Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме

        Заев и Тевдовски: Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа на младите
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА