ЈКП „Комуналец“ Прилеп: Се чистат со години недопрени диви депонии

ЈКП „Комуналец“ Прилеп: Се чистат со години недопрени диви депонии

Со кординарана акција помеѓу ЈКП „Комуналец“ и бизнис секторот, во саботата беа собрани и однесени во депонијата „Алинци“ 175 м3 отпад. Со тоа беше исчистена една од поголемите диви депонии, која се наоѓаше до самите куќи во населбата Рид, односно на крајот од улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

На оваа дива депонија создадена од несовесни граѓани, со години бил исфрлан разновиден отпад. По барање од граѓаните од оваа населба, констатирано е дека отпадот се наоѓа до влезовите од куќите, од каде се ширело неподнослива смрдеа. Оттаму, освен градежен шут и градежни материјали, исфрлан е и комунален отпад кој е биоразградлив и кој што при процесот на разградливост создава непријатна миризба.

Во месец февруари од дивите депонии во градот и околината, собрани се и депонирани 539 м3 отпад. Според локациите предвидени за чистење во месец март, комуналците предвидуваат да исчистат над 800 м3 отпад.Чистењето на дивите депонии ја отежнува дневната работа на ЈКП „Комуналец“, но заложбата е да се исчистат сите диви депонии. Од комуналното претпријатие очекуваат комуналниот инспекторат и полицијата да ги превземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност, по однос на загадувањето на животната средина од страна на физички и правни лица.

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …