ЈКП „Комуналец“: Се чистат старите диви депонии на повеќе локации низ градот

ЈКП „Комуналец“: Се чистат старите диви депонии на повеќе локации низ градот

По  генералното чистење  во повеќето населби низ градот и околината,  денеска комуналците започнаа  да чистат диви депонии во населбите Марино мало  и  Рид.

На неколку локации, несовесните граѓани успеале да исфрлат огромни количини на градежен шут, пластичен отпад, електричен и  електронски отпад, стар мебел, облека, сунгери, најлон и отпад од кастрење.

Со сопствени градежни машини и со помош на приватни компании, ЈКП „Комуналец“ ја расчистува старата дива депонија на крајот од улицата „Октомвриска“, од каде ќе се транспортира над 140м3 комунален отпад .

После чистењето на оваа депонија , ќе се продолжи со чистење на поголеми диви депонии по должината на каналот во населбата Рид.

Од ЈКП „Комуналец“  уште еднаш ги потсетуваат граѓаните  дека секој отпад и во било која количина, да го оставаат во кантите за отпад, а доколку истиот е во поголеми количини,  да го спакуваат во други садови или вреќи, кои „Комуналец“ е должен да го подигне.

За габаритниот отпад од мебел или поголеми количини на отпад од кастрени дрвја, граѓаните можат да се обратат во секое време во ЈКП „Комуналец“, по што службите ќе извршат подигање на специфичниот отпад. Овие видови на отпад спаѓаат во категоријата комунален отпад создаден во домаќинствата и за него не се наплаќа.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …