ЈКП „Пазари“ е финансиски стабилизирано, следуваат инвестиции за модернизирање на градскиот пазар

ЈКП „Пазари“ е финансиски стабилизирано, следуваат инвестиции за модернизирање на градскиот пазар

На денешниот отчет за работата на градоначалникот на Општина Прилеп и
директорите на четирите јавни претпријатија, директорот на ЈКП „Пазари“,
Кристијан Илиески рече дека при доаѓањето на чело на претпријатието се соочил
со безредие, финансиски проблеми, неисплатени плати и надоместоци на
вработените, обврски кон добавувачите, неисплатен ДДВ, “нула“ состојба на
сметката и сето тоа “спакувано“ во околу 5 милиони денари.

„Со отуѓувањето на ‘Млечниот пазар’и срушените дуќани, скратени ни се изворите
на финансирање и загрозено е нормалното функционирање на пазарот. Минатите
10 години пазарот бил 4 пати покриван и сепак не е покриен до крај, со што ни е
направена ненадоместлива финансиска штета. Доколку ја немавме поддршката
од Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски и субвенционирањето на
нашата Програма, ќе беше доведена во прашање судбината на вработените и
иднината на претпријатието“, истакна Илиески.

Директорот на ЈКП „Пазари“ најави проекти за целосно покривање на пазарот и
монатажа на фотоволтаици, што ќе доведе до значителна заштеда на електрична
енергија, а ќе се реконструира и управната зграда која се наоѓа во исклучително
лоша состојба. Илиески напомена дека со оглед на тоа што пазарот се наоѓа во
централното јадро на градот, пристапноста со возила до него е прилично тешка,
заради што ќе се работи на изнаоѓање на начин за надминување на овој проблем.

Она што граѓаните во иднина треба да очекуваат, како што напомена Илиески, е
модернизиран и европски пазар кој ќе биде гордост на Прилеп и прилепчани. Во
моментов, финансиската состојба на ЈКП „Пазари“ е стабилна, без долгови и било
какви други обврски.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …