ЈКП „Пазари“ ги трпи последиците од недомаќинското работење и крчмење на имотот на претходната власт

ЈКП „Пазари“ ги трпи последиците од недомаќинското работење и крчмење на имотот на претходната власт

„Јавното комунално претпријатие ‘Пазари’ се соочува со сериозни финансиски проблеми. Напорите на новиот менаџерски тим и на вработените во претпријатието, главно се насочени кон исплата на наследените долгови кои се огромна кочница за модернизација на прилепскиот пазар. Се работело недомаќински, се крчмел имотот, се уништил ликот на еден од најубавите пазари во државата. Покриван е 4 пати, нестручно, неквалитетно, а 138м2 оставени се без покрив“, истакна на денешната прес конференција Кристијан Илиески, вд директор на ЈКП „Пазари“.

На средбата со новинарите, Илиески посочи на договорот за купо-продажбата на просторот каде што беше сместен најпознатиот млечен пазар во Прилеп. И овој објект и десетината дуќани околу него беа срушени за да се реализира овој договор, којшто на претпријатието му нанел значителен приход според оценките на новото раководство во ЈКП „Пазари“. Не само што ЈКП „Пазари“ изгубило имот, дел од својот капитал, туку од продажбата на неговата сметка не бил ефектуиран ниту денар.

В.д. директорот Илиески посочи и на продажбата на „Сточниот пазар“ и угостителскиот објект кај терминалот, што бил продаден за екстремно ниска цена од 13.000 евра. Иако за уредување на овој пазар, јавното претпријатие инвестирало 4 милиони денари, со промена на Деталниот урбанистички план, Општина Прилеп им го одзела корисничкото право, со што ЈКП „Пазари“ останало и без овој имот.

„Додека Пецо Димоски и ексградоначалникот Марјан Ристески, што ќе рече ВМРО-ДПМНЕ, го крчмеле имотот на ЈКП ‘Пазари’, вработените останувале без плата и надоместоци, со што им се скратувани основните работнички права. Во моментот на моето доаѓање на крајот на ноември, фирмата ја затекнав во енормно тешка состојба. На сметката немаше ниту денар, а на 27-те вработени не им беше исплатена плата. Само по основ на ДДВ, ЈКП „Пазари“ кон УЈП должи над 2 милиона денари, плус околу 300.000 денари камата за задоцнето плаќање, а долгот за данок на имот изнесува околу 300.000 денари. На вработените по спогодби за неостварени права од Колективниот договор, треба да им се исплатат околу 700.000 денари од 2015 година, како и 460.000 денари дополнителни обврски по истиот основ за 2017 година. Претходното раководство создало и други обврски во висина од 550.000 денари, за кои сè уште немаме точни сознанија каде се потрошени“, потенцираше в.д. директорот Илиески.

Според Илиески, домаќинското работење е единствениот пат кој води до успехот, за што најдобра потврда е функционирањето на претпријатието во изминатите 3-4 месеци, колку што тој раководи со ЈКП „Пазари“. Само за неполни две недели биле исплатени 2 плати во висина од 1.600.000 денари, а биле исплатени и околу 300.000 денари заостанат долг за ДДВ и преку 200.000 денари за разни спогодби со вработените, произлезени од Колективниот договор.

„Состојбата е тешка и натаму, особено ако се имаат предвид месеците кога пазарот не работи со полн капацитет, што значи и приливот на средства е многу ограничен. Но, мојата заложба со поддршка на вработените, е ЈКП ‘Пазари’ финансиски да се консолидира, да ги исполнува потребите на пазарџиите, но и на граѓаните. Прилепскиот зелен пазар којшто е веднаш до старата чаршија да го врати својот дух, да се врати еснафот, негуван низ традицијата ‘во сабота на пазар во Прилеп’, порача в.д. директорот Илиески.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …