ЈКП „Пазари“: Закупнината на тезгињата во Градскиот пазар останува иста, да престанат манипулациите со земјоделците

ЈКП „Пазари“: Закупнината на тезгињата во Градскиот пазар останува иста, да престанат манипулациите со земјоделците

„Едно од најголемите зла коишто му се нанесени на ЈКП ‘Пазари’ од страна на претходното раководство, е криминалното стопанисување со дисперзираните пазари во населбите ‘Точила’, ‘Марино мало’ и пазарот кај театарот. Во книговодствената евиденција на ЈКП ‘Пазари’ не постои никаква документација за инкасирани, односно наплатени средства за тезгињата од дисперзираните пазари. Земјоделците коишто закупувале тезгиња во дисперзираните пазари плаќале закупнина, но евиденција за наплатата никаде не постои. Дали тие средства се внесувале во касата на ‘Пазари’ или завршувале во нечиј џеб, ќе треба да истражат надлежните органи“, истакна Кристијан Илиески, в.д. директор на ЈКП „Пазари“.

Како што рече претходното раководство на јавното претпријатие, им дозволило на “дивите“ продавачи со камиони да продаваат земјоделски производи секаде низ градот.Со тоа ја стимулирале нелојалната конкуренција,доведувајќи ги локалните земјоделци во нерамноправна положба.

Поради безредието, недомаќинското работење и криминогено менаџирање на поранешното раководство на претпријатието, Управниот одбор на ЈКП „Пазари“ одлучи да воведе ред и здрава конкуренција на пазарот на земјоделските производи сo формирање на времен пазар за продавачите со камиони во центарот на градот. Парите од закупнината на тезгињата, како што рече Илиески, мора да доаѓаат на сметката на претпријатието.

„Градскиот пазар продолжува да работи како и досега, по стари цени, со закупнина по тезге до 5.300 денари. Цената во дисперзираните пазари сега е 3.000 денари по тезге, речиси 80% помалку од цената во градскиот пазар. Секој денар во наплатата и инкасирањето на тезгарината е драгоцен, бидејќи претпријатието го наследивме во катастрофална финансиска состојба, поради раскрчмувањето на имотот на ‘Пазари’, акцентираше в.д. директорот Илиески.

Тој го повика поранешниот директор Пецо Димоски, да открие каде завршиле парите од тезгарината од подрачните пазари и од Сточниот пазар. Илиески најави дека до МВР ќе бидат доставени сите докази и индиции за коруптивна работа на претходното раководство со ЈКП „Пазари“.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …