Соопштение од ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп:
Почитувани корисници,
ЈКП „Водовод и канализација“ врши редовно месечно читање на вашите водомери, со цел точно да биде фактурирана потрошената вода. За да можеме оваа намера да ја реализираме, апелираме до вас да овозможите вашите водомери да бидат достапни за читање.
Истовремено ве известуваме дека имате и законска обврска да им овозможите на нашите екипи да ја утврдат количината на потрошена вода, како и исправноста на водомерот. Во ваш интерес е водомерот да биде точно прочитан и со тоа да се избегнат разликите за фактурирана вода.
Доколку не ги обезбедите наведените услови, наплатата ќе се врши со пресметка која што е во согласност со Одлуката на управниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, од седницата одржана на 28.04.2004 година, со која е предвидено надоместокот за потрошена вода да се наплаќа паушално, по 10м3 по член од домаќинство.