ЈКП „Водовод и канализација“ набави современ систем за откривање на дефектите во водоводната и канализационата мрежа

ЈКП „Водовод и канализација“ набави современ систем за откривање на дефектите во водоводната и канализационата мрежа

ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп го набави Географски информацискиот систем (ГИС) и дополнителната опрема, кои ќе бидат од огромно значење како за јавното претпријатие, така и за Општина Прилеп и граѓаните.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски рече дека набавката на ГИС-от нуди можности за детектирање на сите дефекти во водоводната и канализационата мрежа, што ќе придонесе за побрзо отстранување на настанатите дефекти.

ЈКП „Водовод и канализација“ набави современ систем за откривање на дефектите во водоводната и канализационата мрежа„Како еден новитет, сето тоа е во прилог на функционирањето на јавното претпријатие. Во оваа прилика сакам да ѝ дадам поддршка на екипата на ЈКП ‘Водовод и канализација’, бидејќи ова е првото јавно претпријатие во нашата држава која има ваква опрема, што е за поздравување и за почит. Реализацијата на проектот, е еден од начините кој покажува како треба да се користат европските пари . Се надевам дека најголемиот бенефит од набавката на овој ГИС ќе го имаат граѓаните“, изјави градоначалникот Јованоски.

Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески напомена дека ГИС-от претставува софтвер за собирање, складирање, чување, манипулирање, анализа и управување со податоци за инфраструктурата на претпријатијата, институциите, во зависност од нивната дејност.

ЈКП „Водовод и канализација“ набави современ систем за откривање на дефектите во водоводната и канализационата мрежа„Во конкретниов случај, ГИС-от претставува збир на просторни податоци кои се однесуваат на нашите подземни инсталации, катастарските подлоги, сателитските снимки итн. ГИС алатката, всушност, претставува можност за интегрирано управување со овие просторни податоци. Или наједноставно кажано, од денес ние имаме можност да ги собереме податоците за целата наша подземна инфраструктура, за сите инсталации кои ги имаме, за дефектите кои настануваат во водоводната и канализационата мрежа, начинот на кој ги санираме дефектите, а ќе имаме и адресар за секој наш корисник и можност да ја следиме состојбата на водомерите“, потенцираше Јанески.

На денешната прес конференција, Јанески детално ги образложи перформансите на целокупната опрема која ЈКП „Водовод и канализација“ ја набави делумно со сопствени средства, а поголем дел преку проектот Balkan Mediterranean Watenergy Cycle. Дел од таа опрема се геоскенерот, камерата за детекција на девијации во канализационата мрежа, опремата за детекција на загубите на вода, корелатор и геофон, GPS за лоцирање на координатите на инсталациите и утврдување на надморските висини, потоа локатор за мерење на притисокот на водоводната мрежа, апарат за мерење на должината на цевката, детектори за инсталациите, за метал и за регистрирање на ПТТ и електро опрема, нивелир за одредување на координатите при изведување на канализација.

Претставувајќи ја опремата, директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ рече дека ова претпријатие во моментов е најопремено на Балканот, но дека тука работата не завршува и дека јавното претпријатие ќе презема и други мерки за подобрување на услугите кон граѓаните.

Раководител за подготовка и развој во техничкиот сектор, Данче Јошеска го објасни начинот на функционирање на Географски информацискиот систем и рече дека најдобро од сѐ е што со негова помош, јавното претпријатие самостојно го креира изгледот на мапата.

ЈКП „Водовод и канализација“ набави современ систем за откривање на дефектите во водоводната и канализационата мрежа„Сите информации кои што претходно сме ги внесле во системот, Одделението за развој и инвестиции работеше 3 месеци за да ја припреми целосната архива на техничката документација на нашето јавно претпријатие, така што сега таа комплетно е пренесена во ГИС-от. Со помош на оваа алатка ние можеме да ги пребаруваме, анализираме и прегледуваме податоците на географската подлога“, истакна Јошеска.

Јошеска рече дека во склоп на системот, во зависност од потребите, ќе можат да се печатат и испраќаат податоци, а ќе биде изведено и поврзување со системот на наплата, што ќе биде големо олеснување на техничкиот сектор на јавното претпријатие. Исто така, до крајот на следниот месец ќе биде воведена и мобилна апликација за регистрирање на дефекти на терен, што ќе овозможи нивно брзо санирање.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …