ЈКП „Водовод и канализација“ набавува современа опрема за откривање на губитоците на вода

ЈКП „Водовод и канализација“ набавува современа опрема за откривање на губитоците на вода

Во моментот на преземањето на раководењето на ЈКП „Водовод и канализација“
од страна на актуелното раководство, во ноември 2017 година, јавното
претпријатие имало долг од околу 16 милиони денари кон Секторот за води при
Министерството за заштита на животната средина, како и неколку милиони
денари по фактури, со рок на доспеаност од еден месец.

Ова на денешната прес конференција го истакна директорот на ЈКП „Водовод и
канализација“, Емил Јанески, давајќи отчет за сработеното во изминатата нецела
година. Тој напомена дека јавното претпријатие има изработено проект во
вредност од околу 10 милиони денари, со кој конкурира во Министерството за
заштита на животната средина. Во очекување дека за скоро време проектот ќе
биде одобрен, овие средства јавното претпријатие ќе ги пренасочи за
подобрување на водоснабдувањето на ул.„Град Јајце“.

Јанески напомена дека затекнатата состојба на технички план во ЈКП „Водовод и
канализација“ била на исклучително ниско ниво, заради што се пристапило кон
реализација на проектот за набавка на Географски информатички систем (ГИС) и
техничка опрема за детекција на губитоци на вода, како и за детекција на
девијација на канализационата мрежа.

„Во исто време, со наши средства набавуваме гео-скенер со моќност и видливост
на 5 метри под земја, заради идентификација на водоводната и канализационата
мрежа, како и детекција на сите истекувања на водите. Во исто време се
спроведува и проект за промена на водомерите, односно репарирање на старите
водомери и вградување радиомодули, заради радиско отчитување на водомерите,
со цел нивно навремено читање и сервисирање на услугите. Исто така, вршевме и
замена на водоводните азбестни цевки со полиетиленски. Во овој момент, во
процедура е преземање на сопственоста на пречистителната станица од
државата на Општината, после што со одлука на Совет стопанисувањето со неа
ќе му биде доделено на јавното комунално претпријатие. Можам слободно да
кажам дека ЈКП „Водовод и канализација“ е и технички и со човечки ресурси
подготвено за преземање на пречистителната станица“, изјави Јанески.

Првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“ напомена дека заедно со Општина
Прилеп, имаат изработено проекти со кои аплицираат пред Владата на РМ, а кои
се однесуваат на реконструкција на старите градски извори на вода, „Леково“ и
„Пашоски ливади“. Дополнително ќе се изработат и проекти за двата други извори
„Душница“ и „Пештерица“, што значи целосна реконструкција на четирите извори
од каде Прилеп до 1989 година се снабдувал со вода за пиење.

Јанески потенцираше дека согласно позитивната законска регулатива, ЈКП
„Водовод и канализација“ ќе продолжи да ги извршува своите обврски и да ги
подобрува условите кон граѓаните на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …